Friday, Jul 21, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионЧленството на Црна Гора во НАТО да биде тема на референдум, бара тамошната опозиција!

Членството на Црна Гора во НАТО да биде тема на референдум, бара тамошната опозиција!

Откако Црна Гора беше повикана да отпочне дијалог за прилкучување кон НАТО сојузот, се огласи и црногорската опозиција. Според нив, повикот за членство треба да покрене дебата за приклучување во НАТО, кое е последица на геостратешките интереси на НАТО, а не резултат на спроведените реформи во областа на безбедноста, одбраната и борбата поротив корупцијата и организираниот криминал во Црна Гора, сметаат во дел од црногорската опозиција.

Лидерот на ДЕМОС, Миодраг Лекиќ вели дека референдумот за влез во НАТО е единствената демократска, фер и стабила опција на која секоја партија треба да инсистира.

Тој смета дека НАТО и должи на црногорската јавност објаснување, за според него, наводниот напредок на Црна Гора во областа правна држава и резултатите во борбата против криминалот и корупцијата.

Министрите на земјите членки на Северноатлантскиот воен пакт донесоа погрешна одлука со која се креваат тензии во нашата земја, наведе претседателот на СНП, Срѓан Милиќ.

– Да и се испрати покана на Црна Гора, чие мнозинство граѓани се противат на полноправното членство во Северноатлантскиот пакт, претставува директна агресија врз мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните на нашата држава – порача Милиќ.

Опозицијата смета дека за приклучувањето на Црна Гора во НАТО треба да се изјаснат граѓаните на референдум.