Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧленовите на Левица ќе останат во притвор, судењето одложено

Членовите на Левица ќе останат во притвор, судењето одложено

Веќе трет пат по ред се одложува судењето против Здравко Савески и Владимир Куновски од политичката партија „Левица“ кои се осомничени за демолирање на народната канцеларија на претседателот Иванов.

Како и претходно така и сега проблематично е добивањето на извештајот од вештачењето за штетата кое одбраната не го добило навреме од Државното правобранителство и затоа немале време да се подготват за денешното рочиште. Тоа наиде на силни реакции кај обвинителката Снежана Бундалевска – Ѓорѓиевска која смета дека тактизираат и сакаат притворот да стане беспредметен.

Поддржувачите на протестите, пак велат дека со притворањето на Савевски и Куновски се прави обид да се задушат демонстрациите.