HomeАЈНШТАЈНИЈААтласХитлер бил многу полукав политичар од тоа што историчарите го мислеле за него

Хитлер бил многу полукав политичар од тоа што историчарите го мислеле за него

Адолф Хитлер започнал да манипулира со германскиот народ многу порано пред да дојде на власт. Далечната 1923 година кога бил лидер на новата Нацистичка партија, се појавила биографија која Хитлер го карактеризирала како „ослободител на Германија“ и го споредувала со Исус Христос. Книгата „Адолф Хитлер: Неговиот живот и говори“ ја потпишува германскиот воен херој Адолф Виктор фон Кербер, но еден историчар тврди дека таа била напишана лично од самиот Хитлер.

Томас Вебер од универзитетот во Абердин тврди дека Хитлер поседувал лидерски способности многу порано од тоа што го претставуваат историчарите. „Открив потпишано сведоштво кое под заклетва го дала жена на издавачот на таа книга во кое стои дека Виктор фон Кербер не ја напишал таа книга“, вели Вебер. Тој тврди дека Хитлер измислил дека фон Кербер ја напишал неговата биографија, за да делува поверодостојно, во однос на тоа дека воен херој нема поврзаност со нацистите.

Вебер, кој наскоро ќе објави и книга на оваа тема, вели дека Хитлер бил „лукав политичар со огромно разбирање на политичките процеси, многу порано пред да ја напише книгата „Mein Kampf“. Инаку Фон Кербер, бил во еден од нацистичките концентрациони логори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com