Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТГејминг“Чипичаните“ се повторно со нас!

“Чипичаните“ се повторно со нас!

Ако пред 20 години немавте оригинално “чипичано“ или како што му беше вистинското име “Tamagotchi“, сега ќе имаат можност да го купите и да се грижите за своето виртуелно милениче.

Јапонската компанија Бандаи го обнови првото издание на популарната играчка во облик на јајце, со шест оригинални изданија кои се добро познати на генерациите од деведесеттите години.

Бандаи остана верен на хардвер дизајнот, кој за прв пат беше пуштен во продажба, а единствената разлика од оригиналот е дека новиот “Tamagotchi“ е на половина помал од големината на оригиналот.

Оригиналниот “Tamagotchi“ се појави на јапонскиот пазар во 1996 година, една година подоцна на европскиот и американскиот пазар. А играта во која ќе се грижите за виртуелно милениче ја играа околу 76 милиони луѓе. Новиот “Tamagotchi“ моментално е достапен само на јапонскиот пазар, а може да се купи преку Амазон Јапонија за 13,55 долари.