Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧиле во финалето

Чиле во финалето

Домаќинот Чиле по победата над Перу со 2:1 е првиот финалист на Копа Америка. Херој на средбата беше чилеанскиот напаѓач Варгас, кој ги постигна двата гола за својата репрезентација. Тој најпрво и донесе водство на својата селекција во 42-та минута, за во второто полувреме Перу да израмни во 60-та минута по автоголот на Гари Медел. Конечните 2:1 ги постави Варгас со прекрасен гол, само неколку минути по примениот гол.

Чиле во финалето ќе играа против победникот од второто полуфинале кое е закажано за вечерва од 01:30 часот и силите ќе ги одмерат Аргентина и Парагвај.