Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЧифлиганец изгради куќа за семејството чиј дом изгоре за новогодишните празници

Чифлиганец изгради куќа за семејството чиј дом изгоре за новогодишните празници

Фондацијата на бизнисменот, Ванчо Чифлиганец изгради и донираше нова куќа на семејството Трајкови од радовишкото село Дедино чиј дом пред новогодишните празници во целост изгоре. Куќата која е енергетски ефикасен објект е со корисна површина од 50-тина метри квадратни и во неа брачниот пар Трајкови имаат целосно опремен дневнен престој, бања и кујна, донација од фондацијата. Ивана и Јован Трајкови се пензионери и изразија голема благодарност до фондацијата од каде пак апелираа на хуманост и солидарност до сите компании за поголема општествена одговорност.