Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧичакоски го донираше своите екстра плати во „Полио плус“, но не кажа дали ќе поднесе оставка

Чичакоски го донираше своите екстра плати во „Полио плус“, но не кажа дали ќе поднесе оставка

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, веќе ги донирал парите што му биле исплатени како надоместок на невладината организација „Полио плус“, изјави за Плусинфо денеска првиот човек на Државната изборна комисија.

– Парите ги донирав на Полио плус“ за проект кој ќе им помогне на лицата со посебни потреби полесно да го остварат своето избирачко право – вели Чичаковски кој според Одлуката за исплата на надоместоците за спроведувањето на последните локални избори зел четири плати.

На нашето прашање прашање дали ќе одговри на барањето на граѓаните заедно со другите членови на ДИК да поднесе оставка Чичаковски, кратко одговори „немам што да кажам за тоа“.

Во врска со забелешката на професорката Мирјана Најчевска дека членот 19, став 2 од Изборниот законик на кој се повикуваат членовите на ДИК при донесувањето на одлуката за исплата на надоместоците не се однесува на именувани функционери и дека тие земаат плати според Законот за плати, Чичаковски само додаде дека тоа прашање веќе било објаснето на завчерашната седница на која беше констатирано дека исплатата на бонусите е во рамки на законот и согласно правилник

Членовите на ДИК, како што објавивме претходно, рекоа дека парите ќе ги вратат, а вината за тоа што јавноста за доделените бонуси дозна од американскиот амабасадор Џес Бејли, дури после две недели откако била изгласана на затворена седница на ДИК, ја префрлија кај службите кои навреме не ги објавиле одлуките на веб-страницата на комисијата.

Според Одлуката за исплата на надоместоците за спроведувањето на последните локални избори и Правилникот за определување на надоместоци, донесена на затворена седница на 16 ноември, членовите на ДИК си изгласале бонуси во висина од четири и две дополнителни плати.

Четири дополнителни нето исплатени плати освен претседателот на ДИК, Александар Чичаковски добиле и заменик-претседателот Реџеп Прекопуца, како и членовите на комисијата Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Субхи Јакупи, Сашо Срцев и Силвана Бонева. Бедредин Ибраими, предложен од ДПА, и Ермира Асани Салија, која влезе во ДИК на местото на Ибраими, а на предлог од Беса, добиле дополнителни две нето исплатени плати.