Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЧетворица претепале ученик пред „Угостителско“

Четворица претепале ученик пред „Угостителско“

Вчера во средното училиште „Лазар Танев“ група од четворица нападнала еден ученик нанесувајќи му тешки телесни повреди по што итно е пренесен Клиничкиот центар. Полициски службеници од станица Карпош ги пронашле напаѓачите, составени од тројца малолетни средношколци исто така од „Лазар Танев“ како и еден 19 годишник кој е поранешен ученик. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави и се работи на расветлување на инцидентот.