Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЧетворица повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово

Четворица повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово

Дваесет и седумгодишениот гостиварец Б.И. од Гостивар утрово на автопатот Скопје – Тетово кај Добарскиот надвозник ја изгубил контролата над возилото БМВ 318 и излетал од патот. Во несреќата со тешка телесна повреда скршеница на рбетот се здобила сопатничката У.И.(57), а со полесни повреди возачот сопатникот Д.И.(27) и пет годишно дете.

Како што информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сите повредени биле префрлени во тетовската болница и по укажаната помош тешко повредената У.И. била упатена на скопските клиники, а другите биле пуштени на домашно лекување. Првичните податоци од увидот покажуваат дека причина за сообраќајката е неприлагодена брзина кон условите на патот, а материјалната штета се проценува на околу 50 илади денари.