Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЧетиригодишно дете се бори за живот откако било прегазено со автомобил

Четиригодишно дете се бори за живот откако било прегазено со автомобил

Четири годишно дете од село Морани се бори за живот во Градската општа болница. Околу 13 часот со автомобил било прегазено од 62- годишник.

Сообраќајната несреќа се случила на улицата „Цветан Димов“ кај Јаја Паша. Од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ случајот го пријавиле в полиција и известиле дека детето било во критична состојба, без сознание и веднаш пратено на операција, информираат од МВР.

Од страна на полицијата и јавен обвинител бил извршен увид.