Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЧетири лица уапсени за хакерски напад на банката „Џеј Пи Морган Чејс“

Четири лица уапсени за хакерски напад на банката „Џеј Пи Морган Чејс“

Во Израел и САД се уапсени четири лица кои се осомничени за хакерски напад врз американската банка „Џеј Пи Морган Чејс“ од минатата година, изјави Блумберг.

Апсењата се извршени на територијата на Израел и американската сојузна држава Флорида. Меѓу уапсените има тројца израелски граѓани, а полицијата е во потрага по уште еден осомничен.

Уште во октомври 2014, банката објави дека хакери успеале да дојдат до информации за имиња, адреси, телефонски броеви и електронска пошта на речиси 83 милиони корисници. Истиот  хакерски напад беше прогласен за еден од најголемите во историјата на САД.