Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЧетири лица со исто име и презиме како терористот од Париз поминале низ Македонија

Четири лица со исто име и презиме како терористот од Париз поминале низ Македонија

Македонската полиција ги провери податоците. Четири лица со името Ахмед Алмохамед влегле во Македонија досега, истото име кое стоеше во сиријскиот пасош пронајден до телото на еден од терористите за време на кобната ноќ во Париз, јавува Мета.

Сите се по потекло од Сирија, сите со различна година на раѓање и влегле на различен датум, потврди МВР. Контроверзноста со сиријскиот пасош настана откако беше пронајден покрај остатоците од телото на терорист а не во неговите џебови. Вчера во Србија беше уапсен човек со истите детали под името Ахмед Алмохамед.