Saturday, Jun 24, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаЧешки полициски контигент доаѓа на македонско – грчката граница

Чешки полициски контигент доаѓа на македонско – грчката граница

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка, заедно со министерот за внатрешни работи, Милан Хованец, директорот на полицијата Томаш Тухи и македонскиот амбасадор во Прага, Паскал Стојчески денеска ќе присуствуваат на свечената церемонија на испраќање на контингент на чешки полицајци во Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од чешкиот главен град, 27 припадници на специјалните единици на полицијата и две кучиња ќе помагаат во заштитата на македонско-грчката граница до 19 март годинава. Чешка до сега испрати свои членови на силите за безбедност како помош за совладување на бегалската криза во Унгарија и Словенија.