Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧешка донираше 25 возила за потребите на МВР

Чешка донираше 25 возила за потребите на МВР

Владата на Чешка донираше 25 полициски возила од марката „шкода јети“ за потребите на МВР, особено во делот на обезбедување на границите. Министерот Чавков примајќи ја донацијата од амбасадата на Чешка се заблагодари бидејќи на граничната полиција и е потребна сета помош за справување со бегалската криза и можни нови бранови на мигранти.

Со донацијата, посочи министерот Чавков, МВР ќе покаже уште посилен капацитет во справувањето со разбивањето на криминалните мрежи кои ја злоупотребуваат неволјата на бегалците.

Заменик амбасадорот на Чешката Република Јосеф Брож истакна дека вистинските пријатели се препознаваат во тешките моменти, а така се препознаваат и државите која од нив е вистински пријател. Република Чешка ви е вистински пријател

– Се надевам дека Македонија чувствува која е вистинската држава пријател, дека тоа е Република Чешка, а тоа го покажавме и со посетата на нашиот претседател, но и во рамките на долготрајната помош на Република Македонија во нејзините амбиции за членство во ЕУ и НАТО, истакна Брош.

Донацијата е вредна 750 илјади евра.