Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧелзи со нов примамлив договор сака да го задржи својот најдобар поединец во тимот!

Челзи со нов примамлив договор сака да го задржи својот најдобар поединец во тимот!

Англиските медиуми јавуваат дека Челзи сака да го обезбеди Азар на подолг рок, а тоа е евидентно по подготовка на нов договор, иако актуелниот му истекува дури во 2020 година. Наводно, за услугите на Азар се заинтересирал Реал Мадрид, па „сините“ од Лондон сакаат да го зацврстат договорот на Белгијанецот.

Сезонава на 26 натпревари Азар постигна 11 гола и четири асистенции и е еден од најзаслужните што Челзи се наоѓа на врвот на табелата во Премиер лигата.