Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧелзи се засили со Баба Рахман од Аусбург

Челзи се засили со Баба Рахман од Аусбург

Актуелниот англиски шампион, Челзи, се засили на левата бековска позиција со 21-годишниот репрезентативец на Гана, Абдул Рахман Баба.

Баба Рахман потпиша за Челзи по само една сезона помината во германскиот прволигаш Аузбург за сума која што се шпекулира дека е околу 30 милиони евра. Тој доаѓа како замена за Бразилецот Луис Фелипе кој по неуспешната авантура во Англија се врати во Атлетико Мадрид.

– Многу сум среќен што потпишав за еден од најголемите клубови во светот – изјави Баба Рахман.

Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо, е задоволен што ќе има поголема конкуренција на бековските позиции во новата сезона.

Баба Рахман е третото засилување на Челзи оваа сезона откако претходно се засилија со голманот на Стоук, Асмир Беговиќ и напаѓачот на Монако, Радамел Фалкао.