Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧелзи го украде Педро од Манчестер Јунајтед

Челзи го украде Педро од Манчестер Јунајтед

Челзи најверојатно ќе успее да го добие потписот на каталонецот Педро кој долго време ова лето беше поврзуван со трансфер во ривалот Манчестер Јунајтед. Од Челзи биле ангажирани најмногу Фабрегас, неговата сопруга и Жозе Мурињо кои започнале преговори со Педро, неговата девојка и Барселона за преселба во Лондон. Токму пријателството со Фабрегас од минатите сезони во Барса и шпанската репрезентација го убедиле Педро да премине во Челзи, а не Јунајтед. Трансферот ќе вреди 22 милиони фунти.