HomeДЕНЕШНАПолитикаХелсиншки: Содржината на учебникот „Општество“ е крајно вознемирувачка

Хелсиншки: Содржината на учебникот „Општество“ е крајно вознемирувачка

Крајно вознемирувачка, исклучувачка и стигматизирачка кон сите оние деца и родители кои живеат во нетрадиционални семејства – вака Хелсиншкиот комитет за човекови реагираше на содржината на учебниот „Општество“ за 4-то одделение. Тие побараа од надлежните институции да делуваат за промена на овие содржини.

„ да преземат чекори во нивна надлежност за отстранување на ваквата содржина и замена на истата со соодветна содржина која ќе ги претстави сите типови на семејства и заедници, и со тоа ќе ги исполни целите на образованието и ќе ги почитува законите на Република Македонија. Доколку надлежните институции не постапат по службена должност, Мрежата за заштита од дискриминација ќе поднесе претставки со цел отстранување на дискриминаторската содржина“ – се вели во соопштението на Хелсиншки

slika-opstestvo

Оваа фотографија се појави на социјалните мрежи. На неа е содржината во учебникот, кој, како домашна задача за учениците, бара од нив да залепат фотографија од свадбата на своите родители, како и да наведат дали тие се венчале во црква или матично.

По објавувањето на фотографијата, учебникот наиде на остри критики, како на социјалните мрежи, така и кај експертската јавност.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com