HomeДЕНЕШНАПолитикаХелсиншки бара кривична одговорност од МВР за интервенцијата врз студентите

Хелсиншки бара кривична одговорност од МВР за интервенцијата врз студентите

Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесе кривична пријава против МВР за начинот на кој беше извршена интервенцијата врз студентите кои протестираа пред Студенскиот парламент и ја блокираа вратата на канцеларија со наводи дека била употребена прекумерна сила.

ebr borbeni koli studenti

Кривична пријава против раководни лица на Министерството за внатрешни работи и на припадници на Единицата за брзо распоредување поднесе Хелсиншкиот комитет затоа што ги тепаа и спречуваа студентите да протестираат при изборот на претседателот на студентскиот парламент на 30 јуни годинава. Самиот ден на изборите за студентски лидер гласањето започнало без исполнување на потребните услови на што било укажано од студентите, а потоа и гласачката кутија била насилно грабната од член на изборната комисија кој бил придружуван од непознати лица кои не биле студенти за потоа да се упатат кон седиштето на СПУКМ кое се наоѓа во зградата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Во пријавата се наведува дека кулминацијата се случила околу 22 часот кога пристигнале специјалните единици со оклопни возила, кои тргнале кон студентите што протестираа пред влезот на студентскиот дом. Полициските специјалци насилно влегле во просториите на студентскиот парламент и почнале да ги удираат со нога студентите, за да го расчистат патот за лицата кои ги носеле гласачките кутии. Инцидентите беа снимени и објавени на социјалните мрежи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com