Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧелси и Јувентус ќе направат „трампа“?!

Челси и Јувентус ќе направат „трампа“?!

Играчите не би имале ништо против, но нивните клубови тешко ќе пронајдат заеднички јазик. Јувентус и понатаму се обидува да го доведе Немања Матиќ. Наводно, тие веќе и постигнале договор со Србинот, но Конте не сака да го пушти. Тој смета на Србинот, попуст за поранешниот клуб нема, па за сега Матиќ е далеку од Јувентус. Сепак, постои карта на која италијаните би играле.

Конте смета дека за следната сезона му се потребни тројца напаѓачи, го чека Лукаку, но тоа би значело дека Диего Коста го напушта клубот. Како замена го идентифукувал Симеоне Заза на кој му пружаше шанса и за репрезентацијата на Италија. Италијанецот ги одби понудите од Вест Хем и Волфзбург, сака да остане во Италија, но повик од „Плавите“ би можел да ги промени нештата.

Наводно, Јувентус со Заза, чија цена на трансфер маркетот изнесува 25 милиони евра, би доплатил уште 15 и на тој начин би го убедил Челси да го пушти Србинот во Торино. Италијанските медиуми тврдат дека оваа опција е реална, но сепак тешко е да се поверува дека Конте ќе се откаже од Србинот, па секако многу поизвесен е трансферот на Блејз Матуиди во редовите на „Старата Дама“.