Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЧелниците на Фенербахче самоуверени во договорот за Робин ван Перси

Челниците на Фенербахче самоуверени во договорот за Робин ван Перси

Дали Холандскиот репрезентативец е со една нога надвор од Олд Трафорд? Директорот на турски Фенербахче, Џулиано Теранео, отпатувал за Лондон на состанок со челниците на Манчестер Јунајтед за потенцијален договор на 31. годишниот ван Перси.

Иако напаѓачот до истекувањето на договорот има уште само една година, тензијата и заинтересираноста на Фенербахче е на високо ниво и се прилично самоуверени дека ќе го донесат ван Перси во нивните редови.

Поранешното крило на Јунајтед, Нани, рано неделава го комплетираше трансферот во турскиот гигант за 4,5 милиони фунти и, според неговите изјави, се надева дека неговиот поранешен соиграч ќе му се придружи во Турција.