Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаЧековски ново засилување во тимот на Сигал Приштина

Чековски ново засилување во тимот на Сигал Приштина

Македонскиот кошаркар Ѓорѓи Чековски повторно се враќа во Приштина по сезоната 2003/2004, откако центарот успеа да склучи договор со Сигал Приштина.

Тренер на овој тим е Марјан Илиевски кој мораше да најде замена во централната позиција за Бојан Трајковски откако одлучи дека повеќе не сака да биде дел од клубот.

Ова е потврда дека Работнички нема да се обиде да ги задржи своите играчи туку ќе се обиде да создаде тим од млади играчи кои ќе се здобијат со искуство и би биле опасна закана во сезоните што доаѓаат.