Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧавков останува во БЈБ, но да не биде на чело на оперативниот штаб

Чавков останува во БЈБ, но да не биде на чело на оперативниот штаб

Митко Чавков ќе остане директор на Бирото за јавна безбедност бидејќи оваа функција ја одредува Владата на Република Македонија, па поради нејзиниот ограничен мандат не може веднаш да биде разрешен, ниту пак за тоа засега има политичка волја. Затоа предлог на министерот Нухиу е тој повеќе да не биде задолжен за управување со оперативниот штаб за справување со протестите и поставување на обезбедување околу и во Собранието.

agim nuhiu

Со оперативниот штаб ќе биде побарано да раководи директно министерот за внатрешни работи Агим Нихиу. Секако, тој со своите ограничени надлежности не ќе има целосен командаден капацитет врз сите полициски структури.

Ова доаѓа откако полицијата дозволи толпа народ да влезе во Собранието, а во еден организиран напад жестоко да бидат личнувани пратеници од СДСМ и албанските коалициски партии. Исто така во нападот кој беше брутален со тешки повреди се здобија повеќе новинари и вработени во Собранието.