Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧавков не му аплаудираше на говорот на Нухиу

Чавков не му аплаудираше на говорот на Нухиу

Со положување цвеќе денеска во МВР беше одбележан Денот на полицијата на Република Македонија. На одбележувањето присуствуваа и семејствата на загинатите бранители. Министерот на МВР, Агим Нухиу порача дека полицијата треба да гарантира една безбедна средина за сите граѓани.

„Треба сите заедно да се ангажираме, за да поставиме една темелна транспарентност, чекор по чекор, во секој поглед на воспоставувањето на односите помеѓу полицијата и граѓаните, со заедницата и со пошироката јавност“, рече Нухиу.

Тој нагласи дека треба сите да се ангажираме за што поскоро, целата полиција да се стави во служба на државата и општеството.
Откако го одржа говорот министерот Нухиу, следеше аплауз од присутните, но Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, не аплаудираше.