Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧавков не е специјално расположен за специјално полициско одделение

Чавков не е специјално расположен за специјално полициско одделение

Актуелниот министер за внатрешни работи Митко Чавков воопшто не е импресиониран од идејата за креирање специјално полициско одделение кое би работело на асистенции на СЈО бидејќи е нелогично. Според постоечкиот Закон за кривична постапка секој обвинител може да побара ресурси од МВР и ангажирање на соодветни лица за истрагата и од тоа не е издвоено ниту СЈО.

Чавков посочи дека не е директно ангажиран во преговорите меѓу политичките партии, но секако со ова даде негативен сигнал по барањето на Викторија Нуланд од Стејт Департментот како можно решение за спроведување на Договорот од Пржини за кое клучно е СЈО да работи во целосен капацитет.