HomeДЕНЕШНАРегионХашим Тачи: Опасно е да се мисли за нова војна на Косово

Хашим Тачи: Опасно е да се мисли за нова војна на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи ги оцени како смешни изјавите на екс-лидерот на движењето „Самоопределување“ и актуелен пратеник во косовскиот Парламент, Албин Курти, дадена во Тирана, во која предупреди дека „во следните 4 до 5 години има шанси во Косово повторно да дојде до војна поради демаркацијата на границата со Црна Гора“.

– Со прогласувањето на Косово за независна и суверена држава зацврстени се мирот, стабилноста и соработката во западен Балкан. Уште повеќе слободата и независноста на Косово стави крај на крвавите војни од минатиот век, изјави Тачи.

Исто така Тачи оценува дека е опасно да се шири страв од нова војна и да се подгреваат страстите кај граѓаните бидејќи демаркацијата воопшто не е на штета на Косово и почитувани се сите меѓународни конвенции. Собирањето на поени на база на национализам е закана за стабилноста на Косово, но и на регионот.

На неговата изјава веднаш реагираше Курти.

– Така наречениот претседател на Косово, покрај другото, вели дека мојата изјава била и смешна, но и опасна. Како може да биде смешна, а во истовреме и опасна? Но, можно е кога еден игнорант се инсталира како „претседател“. Се согласувам дека (поранешната претседателка на Косово) госпоѓа Јахјага беше пологичен избор од овој абдал!, напиша Курти на својот профил на Фејсбук.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com