Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЧарли Шин ги повика познатите со ХИВ јавно да зборуваат за тоа

Чарли Шин ги повика познатите со ХИВ јавно да зборуваат за тоа

После минатогодишното признание дека е ХИВ позитивен, американскиот актер Чарли Шин зборуваше повеќе пати за тоа, а сега ги повика и другите славни личности кои се заразени со овој опасен вирус да го сторат истото. Според Чари Шин, би било подобро кога и другите славни личности кои се ХИВ позитивни јавно би го искажале тоа во јавноста.

Carli-Sin-f1

„Тоа би им помогнало на сите“, вели 50-годишниот актер. Американскиот актер додаде дека има многу предрасуди во врска со ХИВ вирусот и дека се надева дека во иднина ќе биде променето. Шин откри дека уште од ноември минатата година, кога јавно објави од што боледува, луѓето му приоѓале на улиците за да го поздрават за неговата храброст да зборува за тоа.