HomeРЕФЛЕКТОРФилмХарисон Форд и Кери Фишер биле љубовници и надвор од Star Wars

Харисон Форд и Кери Фишер биле љубовници и надвор од Star Wars

leja-i-han-solo

Американската актерка Кери Фишер откри дека имала афера со колегата од филмот „Star wars“, Харисон Форд, пренесоа американските медиуми. Актерката која ја толкуваше улогата на принцезата Леа, ја криела речиси четири децении тримесечната афера со колегата која започнала на прославата на роденденот на режисерот Џорџ Лукас и траела се до завршувањето на снимањето на филмот.

Кери Фишер во мемоарите „The Princess Diarist“ изнесе детали околу аферата со тогаш 33-годишниот актер, татко на две деца, како и за своето чувство на несигурност за време на аферата. „Го погледнав Харисон. Херојски лик- неколку прамени од косата паѓаа на неговото чело“, напиша актерката во своите мемоари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com