HomeФЕР ПЛЕЈФудбалХари Кејн ги воодушеви навивачите на Тотенхем!

Хари Кејн ги воодушеви навивачите на Тотенхем!

t640499450020160918203247

Фудбалерот на Тотенхем Хари Кејн денес изјави дека не се сомнева дека ќе го продолжи договорот со лондонскиот клуб. Кејн има договор со Тотенхем до 2020 година и заработува 50.000 фунти неделно, а управата на клубот започна преговори со 23-годишниот напаѓач бидејќи сака да му ја зголеми платата и да го задржи на „Вајт Харт Лејн“. И покрај тоа што отсуствуваше седум недели поради повреди, Кејн постигна пет погодоци оваа сезона, од кои два во големиот пресверт против Вест Хем во последните моменти од средбата.

„Среќен сум во клубот и сакам да останам уште долго, долго. Разговараме и сигурен сум дека ќе постигнеме договор. Не паничам и не барам ништо од тоа што медиумите го пишуваат. Преговорите се во тек и не се сомневаме дека ќе постигнеме договор“, изјави Хари Кејн. После натпреварот против Вест Хем, Маурисио Поќетино изјави дека Кејн е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com