HomeДЕНЕШНАПолитикаХан во посета на Скопје за гаранција на изборите од кои нема бегање

Хан во посета на Скопје за гаранција на изборите од кои нема бегање

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан повторно ќе дојде да посредува меѓу политичките партии за да обезбеди гаранција дека претстојните избори ќе се одржат и нема да дојде до ново одложување.

Неговата посета на два дена по предвиденото распуштање на парламентот ја потврди и портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Таа за Македонската информативна Агенција (МИА) изјави дека Хан ќе се состане со претставниците на четирите најголеми политички партии во земјата, со специјалниот обвинител и со претставници на граѓанското општество, а обемот на мисијата ќе биде дискусии за состојбите во земјата, особено на организацијата на изборите во декември, како и спроведувањето на итните реформски приоритети.

Одбивањето на предложените дополнувања на законот за СЈО и заштитени сведоци внесе загриженост дека можно е да се влоши политичката клима, а со тоа да се бара ново одложување на изборите иако голем дел од предвидените обврски се исполнети. Обвинувања за бегање од избори пристигнуваат и од власта и од опозицијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com