HomeДЕНЕШНАРегионХан: Нема визна либерализација за Косово без договор за демаркација со Црна Гора

Хан: Нема визна либерализација за Косово без договор за демаркација со Црна Гора

johanes-han

Доколку Приштина не го одобри договорот за демаркација на границата со Црна Гора, не може да добие визна либерализација за патување на косовските граѓани во земјите од ЕУ, порача денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по посетата на Косово.

Тој истакна дека „политичката поларизација“ на Косово негативно влијае врз патот на земјата кон интеграција во ЕУ. Опозициските пратеници во косовскиот Парламент, кои се против договорот, ја спречуваа работата на законадавниот дом користејќи, меѓу другото, солзавец, свирчиња и шишиња со вода.

Косово минатата година потпиша Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com