HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамХамилтон прв во Абу Даби, Розберг нов светски шампион!

Хамилтон прв во Абу Даби, Розберг нов светски шампион!

rozberg

Луис Хамилтон победи на денешната одлучувачка трка за Големата награда на Абу Даби, но тоа не му ја донесе шампионската титула која сепак замина во рацете на Нико Розберг кој успешно истраја на патеката „Јас Марина“ и го освои второто место кое го направи 33-от шампион во Формула 1.

Хамилтон и Розберг од почетокот до крајот ја водеа трката и не дозволија ништо на случајноста, со исклучок на последните 5 круга кога Британецот со намера го забави својот тимски колега со цел Ферстапен и Фетел да се приклучат во борбата и да направат драма која не ја дочека.

Досегашниот актуелен светски шампион се надеваше дека Ферстапен или Фетел можат да му завршат работа со притисок врз Розберг, но кога тоа не се случи, видовме барем едно престигнување од страна на возачот на Ферари кој имаше посвежи гуми и се избори за место на пиедесталот минувајќи го Макс.

Розберг на овој начин за првпат доби една битка во текот на цела сезона со својот тимски колега, а истовремено стана и третиот Германец по Шумахер и Фетел кој успеа да стигне до толку посакуваната титула во Ф1 шампионатот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com