HomeАНТИСТРЕСШтосноХајди Клум: Немам проблем со голотијата, израснав како нудист

Хајди Клум: Немам проблем со голотијата, израснав како нудист

heidi-klum-goes-topless-at-beach-vito-schnabel-07

Атрактивната манекенка и модна икона Хајди Клум посочи дека никогаш не се срамела да се разголи и тоа не само како дел од нејзината професија. Секое лето Хајди оди на летување со своето 13 години помладо момче Вито Шнабел каде што се сонча топлес. Неколку пати досега е уловена од папараците на плажите без горен дел од костимот за капење, а Хајди објаснува дека пораснала како нудист.

– Моите родители беа нудисти, така што мене тоа ми е нормално. Немам проблеми со голотијата. Многу сум слободна. Главно сум во топлес издание на плажите каде што нема луѓе. Секако дека не се соблекувам на плажи каде што има премногу луѓе. Приликата за топлес ја искористувам на некое бротче или позавлечено место каде што сме само јас и моето момче – изјави Клум.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com