Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЧетворица повредени во трката со бикови во Памплона

Четворица повредени во трката со бикови во Памплона

Во првата годинашна трка со бикови што е во рамките на фестивалот „Сан Фермин“ во шпанскиот град Памплона, се повредени четири лица, се вели во болничките извештаи.

Трката започнала во осум часот изутрина. На неа традиционално учествуваат илјадници луѓе, чија што цел е да ја поминат патеката долга 850 метри, бегајќи од биковите и сето тоа да заврши со корида. На трката имало шест бикови и таа траела само две ипол минути.

Д-р Мануел Монтесино од градската болница наведува дека тројца имаат повреди на главата, а едно лице се здобило со повреда на раката, но ниедно од нив не е прободено со рогови.

Фестивалот „Сан Фермин“, кој трае девет дена, стана познат благодарение на романот „Сонцето повторно се раѓа“ од Ернест Хемингвеј и годишно привлекува илјадници домашни и странски туристи.