Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧетворица од 12-те новинари остануваат во Телма, за другите нема место

Четворица од 12-те новинари остануваат во Телма, за другите нема место

Синдикатот во ТВ Телма постигна да биде намален бројот на вработени на кои ќе им престане работниот однос во текот на постапката за прогласување технолошки вишок, од 12 на 8.

Спроред информациите, станува збор за новинарите Соња Николовска, Виолета Зајкова, Јулијана Пешевска од информативната редакција и Сотир Трајков од културната редакција. Тие ќе бидат на пониски работни позиции и со намалени плати.

-„За жал, менаџментот на куќата не ги прифати аргументите и предлозите на синдикатот за двајца членови на ССНМ и не се постигна договор за нивно останување на работа, тоа се колегите Влатко Змејковски и Бранка Костиќ, за кои и покрај нашите заложби, и одвоените средби кои ги имаа со раководството, не се најде заеднички јазик за понатамошен ангажман. На овие двајца колеги синдикатот ќе продолжи да им пружа правна и друг вид помош во иднина доколку биде потребна“- наведуваат од Синдикатот.

Новинарот Панта Џамбазоски одлучил да не го прифати новото решение за работа и тој ќе остане во процесот за технолошки вишок.

ССНМ информира и дека во овој процес немаше мандат и не ги застапуваше другите петмина вработени кои се најдоа на списокот за технолошки вишок, бидејќи не се членови на синдикатот.