Saturday, Apr 20, 2024
HomeИздвојувамеБувовите во Македонија

Бувовите во Македонија

Бувот е ноќна птица карактеристична по големата глава во однос на телото, со крупни очи и широко тркалезно лице(наречено диск). Тој е грабливец кој најчесто лови ноќе благодарение на совршениот вид, слух и бешумен лет.
Во светот постојат околу 220 видови бувови од кои во Македонија може да се сретнат 9.

Ќук (otus scops)
kjukГолемина: од 16 до 20 cm.
Ќукот е единствениот був кој е птица преселница, доаѓа и си заминова со ластовичките. Се гнезди во дупки на дрвјата и мали отвори на куќите и зградите.

Кукумјавка (athene noctua)
kukumjavkaГолемина: од 20 до 23 cm.
Був кој често може да се види во текот на денот на некој покрив или дрво како се сонча. Се гнезди во крововите на куќите, во зградите, штали и амбари.

Гаќеста Кукумјавка (aegolius funereus)
gakjesta kukumjavkaГолемина: од 22 до 25 cm.
Се гнезди во планински иглолисни или мешани шуми во дупки на дрвјата. Црниот бор е едно од неговите омилени живеалишта.

Долгоушест був (asio otus)
dolgoushes bufГолемина: од 33 до 37 cm.
Често се забележува во паркови, училишта, градинки и јавни установи. Се гнезди во иглолисни дрвја или во напуштени гнезда од други птици во крошните.

Краткоушест був (asio flammeus)
kratkoushes buvГолемина: од 35 до 39 cm.
Тој е активен и преку денот во потрага по храна. Се гнезди на земја во трева или грмушки на отворени влажни ливади и полиња.

Шумски був (strix aluco)
shumskiГолемина од 36 до 38 cm.
Се гнезди во дупки на стари стебла во шуми покрај отворени полиња, во недостаток на истите се гнезди и во отворени гнезда на дрвјата.

Кукувија (tyto alba)
kukuvijaГолемина: од 37 до 41 cm.
Се гнезди во крововите на штали, амбари, куќи, но често и во отвори на дрвја или процепи во карпи кои се наоѓаат на отворени полиња и ливади.

Уралски був (strix uralensis)
uralski buvГолемина: од 65 до 70 cm.
Се гнезди во планински шуми со стари стебла, во процепите или во паднати гнили дрва.

Голем був (bubo bubo)
golem buvГолемина од 70 до 75 cm.
Еден од најголемите бувови. Се гнезди во карпи, на големи стебла, трупци или на земјата.