Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБутарис ќе ги зближува Солун и Скопје

Бутарис ќе ги зближува Солун и Скопје

Јанис Бутарис, градоначалникот на Солун, во четврток ќе го посети Скопје со цел да ја зајакне соработката меѓу двата градови, а ќе има средби и со политичкиот врв на Македонија, објави „Катимерини“.

„Посетата на Бутарис доаѓа во време на зголемен оптимизам во Атина за подобрување на односите кои беа нарушени од долгогодишниот спор за името, како и „по поразот на поранешниот националистички премиер Никола Груевски на последните избори и формирањето нова Влада која се смета за поотворена за разговори“, пишува Катимерини.

Во изјава за „Катимерини“, Бутарис демантира дека неговата посета е поврзана со очекувањата на Атина за продолжување на разговорите за прашањето за името.

– Ние не се занимаваме со надворешна политика. Се обидуваме со дипломатија меѓу градовите да ги приближиме граѓаните на двете земји и заеднички да работиме за решавање на некои проблеми што ги имаме како соседи, вели Бутарис.

Посочува дека голем број граѓани на Македонија доаѓаат во Солун за шопинг забава и туризам. Целта на посетата на Скопје, вели, е да се изградат најдобри можни односи меѓу двата града.