Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБура предизвика сообраќаен хаос во Холандија

Бура предизвика сообраќаен хаос во Холандија

Невообичаено силна летна бура денеска предизвика сообраќаен хаос во Холандија. Многу патишта беа затворени поради откорнати дрвја, а десетици летови биле откажани на амстердамскиот аеродром. Властите ги предупредија граѓаните да ги откажат патувањата.

Едно лице загина кога дрво паднало врз неговиот автомобил, а има и повредени во неколку холандски градови. На западниот брег од земјата брзината на ветрот достигна 121 километар на час, поради што метеоролошката служба објави најсериозно предупредување за лоши временски услови. Во Амстердам е прекинато движењето на возовите и трамваите.