Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБунтовноста се исплати – Укината казната за средношколката Димовска

Бунтовноста се исплати – Укината казната за средношколката Димовска

Случајот на средношколката Илина Димовска од велешката гимназија „Кочо Рацин“ добива нов расплет откако донесена е одлука да не и се намали поведението. Претходно Илина и нејзините родители се пожалија дека училишниот одбор донел одлука да и го намали поведението поради објава на статус на Facebook каде ја критикувала гимназијата дека за време на патронатот неколку ученици биле избркани бидејќи не носеле униформи.

– Публицитетот на случајот придонесе за ваквата одлука, бидејќи ние откривме дека има нерегуларности. По критичкиот однос на директорот кон мене, кога моите родители дојдоа на средба со него не се направи записник, а подоцна класниот раководител бил принуден да го состави записникот, наместо да биде направен на лице место. Ние немавме ни право на приговор. Сега одлуката за укинување ни стигнува наеднаш, но тоа не значи дека ние ќе се откажеме од случајот за кој веќе се поднесени претставки, вели Илина Димовска за НОВА.

Oчигледно е дака оваа „драмолетка“ нема да заврши тука, па се чека нова реакција на средното училиште „Кочо Рацин“.

Извор: nova.tv