HomeДЕНЕШНАСкопјеБуњаковец доби монтажна гаража

Буњаковец доби монтажна гаража

Нов монтажен јавен паркинг беше пуштен во употреба зад ТЦ „Буњаковец“. Гаражата има површина од 1.850 метри квадратни, со 104 паркинг места. Монтажната гаража е изградена од еколошки материјал, од челична поцинкувана конструкција, составена од модули. Поставени се скали за непречена и безбедносна комуникација на пешаците. Од Општина Центар најавија дека улицата „Владимир Полежановски” ќе стане еднонасочна, а тесното грло и сообраќајниот хаос ќе се реши со отстранување на паркинг местата од улицата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com