Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБундестагот утре ќе расправа за актуелната ситуација во Македонија

Бундестагот утре ќе расправа за актуелната ситуација во Македонија

Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг утре ќе расправа за актуелната ситуација во Македонија, јавува „Дојче веле“, додавајќи дека седницата ќе биде затворена за јавноста.

Главна тема на седницата ќе биде актуелната ситуација на Западен Балкан, а посебен акцент ќе биде ставен на состојбата во Македонија и во Босна и Херцеговина.

Германскиот социјалдемократ и член на парламентарната Комисија за надворешна политика на Бундестагот, Гернот Ерлер, минатата недела изрази „екстремна загриженост“ и ја оцени ситуацијата во Македонија како „државна и уставна криза од највисок ранг“.

Придружете ни се Facebook >
Ерлер оцени дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, стравува дека ако власта се смени, тој ќе се најде пред суд и оти со предизвикување меѓуетнички тензии и со помош на претседателот Ѓорге Иванов се обидува да ја спречи промената на власта.