Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБундесбанк бара прекин на паричната помош за Грција

Бундесбанк бара прекин на паричната помош за Грција

Бундесбанк, Народната банка на Германија, достави барање до Европската централна банка повеќе да и не дава финансиски средства на Грција со кои и помага да ја одржи ликвидноста. Германците овој пат нема да попуштат и да и ги простат долговите на Грција.

Jens-Weidmann

„Мора да биде кристално јасно дека одговорноста за секој понатамошен развој во Грција и за било кој начин на финансирање лежи кај грчката влада и на земјите кои обезбедуваат помош, а не е на товар на Европската централна банка, изјави Јенс Вајдман гувернерот на Бундесбанк.

Бундесбанката го ограничи и износот за солидарност со грчките банки за да го „затегнат ременот“ и да го решат проблемот со ликвидноста без создавање на нови долгови, но и да извршат притисок врз властите во Атина да ја прифатат одговорноста и да се согласат на мерките за отплата на долговите.