Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБукурешт: Журка во ноќен клуб кулминирала во пожар со најмалку 27 жртви

Букурешт: Журка во ноќен клуб кулминирала во пожар со најмалку 27 жртви

Вчеравечер во ноќниот клуб „Колектив“ во главниот град на Романија избувнал пожар, предизвикан од пиротехнички средства во кој загинаа 27 лица а уште 180 се повредени.

Пожарот најпрво зафатил еден столб, а потоа и таванот на објектот. По избувнувањето, настанала мешаница и стампедо на присутните 400 луѓе кои присуствувале на концертот на романската хеви метал група „Goodbye to gravity“. Упатен е апел за крводарителска акција, за помош на повредените лица од страна на министерот за здравство Николае Баничоју.