Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБугарските пратеници едногласно ја усвоија декларацијата за договорот со Македонија

Бугарските пратеници едногласно ја усвоија декларацијата за договорот со Македонија

Со 206 гласа „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан денеска Народно собрание на Бугарија ја усвои декларацијата за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија.

Како што јавуваат бугарските медиуми, бугарското собрание позитивно го оценило напорите на двете држави за финализирање на преговорите за договорот за добрососедство и ја истакна потребата за развој на соработка во сите области на основата на меѓусебно почитување, доверба, разбирање и почитување на интересите на двете земји.

Бугарското Собрание изразило подготвеност за итно ратификување на договорот по неговото потпишување и истакнало дека европската перспектива на Македонија е гаранција за безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот.