Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБугарските камионџии ги блокираа сите гранични премини кон Грција

Бугарските камионџии ги блокираа сите гранични премини кон Грција

Бугарски камионџии ги блокираа денеска сите шест контролни пунктови на границата со Грција во знак на протест поради повеќенеделните блокади од грчките фармери. На граничните премини долги се редовите на камиони и автомобили, а само на пешаци им е дозволено да ја преминат границата.

Синдикатите на бугарските камионџии се бесни поради протестите на грчките земјоделци кои предизвикаа блокади на премините за товарни камиони, го нарушија одвивањето на сообраќајот и нанесоа огромни загуби на компании. Тие порачаа дека ќе продолжат со блокадата се додека грчките земјоделци не ги тргнат своите камиони и ослободат патишта кон Бугарија. Бугарскиот парламент издаде специјална декларација во која се апелира на ЕУ да покрене прекршочна постапка против Грција заради кршење на европски закони за слобода на движење на стоките.