HomeДЕНЕШНАРегионБугарските фалсификатори најкреативни за криење пари, но имаат и кодоши…

Бугарските фалсификатори најкреативни за криење пари, но имаат и кодоши…

more

Бугарските фалсификатори се меѓу најкреативните во Европа, барем кога се работи за криење на фалсификуваните пари.
Власти заплениле рекордно количество од над 13 милиони евра во фалсификувани банкноти, соопшти денеска бугарската полицијата. Интересно е што фалсификаторите смислиле одлично место за криење на парите и доколку еден од нив не ги предал, полицијата никогаш не би ги открила.

Парите биле оставени на дното на едно вештачко езеро, а оттаму ги извадиле нуркачи. Главниот обвинител, Сотир Цацаров рече дека ова е една од најголемите суми на фалсификувани евра која досега ја сретнале, не само во Бугарија, туку и пошироко.

Банкнотите биле во апоени од 500 евра, а биле сокриени во близина на една брана на југот од Бугарија. Полицијата до нив дошла откако еден од фалсификаторите кој бил уапсен, го признал делото и им кажал каде се наоѓаат лажните пари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com