Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБугарскиот премиер добил смртна закана

Бугарскиот премиер добил смртна закана

Бугарскиот премиер Бојко Борисов добил смртна закана, но истакнува дека не е загрижен поради тоа и дека тоа се случува поради неговата борба против корупција. На адресата на канцеларијата на владата пристигнало анонимно писмо со фотографија од Борисов, метак и заканувачка порака, пренесуваат бугарските медиуми. Канцеларијата која е задолжена за соработка со медиумите потврди за постоењето на ова заканувачко писмо, но не сакаше да ја коментира оваа состојба. Борисов минатата недела откажа неколку јавни настапи од неколку различни причини.