HomeДЕНЕШНАПолитикаБугарскиот ловец на мигранти му се закани на Миленко Неделковски

Бугарскиот ловец на мигранти му се закани на Миленко Неделковски

Динко Велев, кој бугарските медиуми го нарекуваат најголемиот ловец на мигранти, му се закани на Миленко Неделковски за кршењето на спомен плочата на бугарските војници.

„Тргнувам во лов на Миленко! Планирам да го најдам неговиот дом и да му ја скршам колата со чекан. Ќе снимам цело видео со телефон и ќе го добие тоа на интернет. И тогаш ќе го прашам – пријатно ли му е нему!”, изјави Велев за бугарските медиуми.

Постапката на Миленко предизвика бурни реакции на голем број на бугарски политичари и новинари, а официјално реагираше и нивното МНР. Од македонската страна беше одговорено дека спомен обележјето било незаконски поставено.

Неделковски покрај тоа што објави слики од кршењето на плочата посочи дека легално поставените споменици на српски, грчки и бугарски војници одна Кајмакчалан си стојат и никој нема намера да ги отстрани.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com