Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБугарски оклопни возила на границата со Македонија

Бугарски оклопни возила на границата со Македонија

Бугарија со нови превентивни мерки. На четирите премини со Македонија, Бугарија испраќа оклопни возила со цел да и помогне на пограничната полиција во случај на прилив на бегалци, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Вкупно 25 војници во неколку оклопни возила се веќе упатени на бугарско – македонските гранични премини, но нивниот број може да се зголеми ако тоа биде потребно – изјави претставник на министерството Николај Карајванов.

Пред неколку дена бугарски хеликоптери ја надлетуваа границата, а властите на 21-ви август донесоа одлука да распореди војска на границите со Македонија и Грција, поради алармантната состојба со мигрантите.