HomeДЕНЕШНАРегионБугарите денеска гласаат: Тест за премиерот Бојко Борисов

Бугарите денеска гласаат: Тест за премиерот Бојко Борисов

bugarija-izbori

Бугарите денеска гласаат на изборите кои важат за тест за премиерот Бојко Борисов. Околу 6,8 милиони гласачи го бираат новиот шеф на државата помеѓу 21 кандидат. Фаворити се претседателката на Парламентот, Цецка Цачева (58), кандидат на ГЕРБ, конзервативната партија на власт и генералот, Румен Радев (53), екс командант на бугарската воздушна армија и кандидат на Социјалистичката партија. За него велат дека е наклонет кон Русија. Според анкетите Цачева води во првиот круг со 26 до 28 отсто гласови а по неа следи Радев со 22 до 23 отсто гласови.

Премиерот Борисов вети дека ќе даде оставка ако неговата кандидатка не победи на изборите. Вториот круг се одржува следната недела на 13 ноември.

Во кампањата главна улога играа сиромаштијата, корупцијата, демографската криза и отселувањето на населението. Во Бугарија просечната плата изнесува околу 500 евра.

Цачева ветува стабилност на земјата и продолжување на евро-атлантскиот курс на државата. Радев тврди дека ќе донесе промени и ќе ги намали растечките корупција и сиромаштија. И дека подобрувањето на односите со Русија не е некомпатибилно со евро-атлантскиот пат на земјата.

Претседателот има мандат од 5 години и неговата улога е пред се протколарна. Се очекува излезност до 60 отсто. Во Бугарија влезе на сила закон кој ги обврзува граѓаните да гласаат но неизлегувањето на гласање носи само симболична казна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com